Руденко наведува дека таквиот потег ќе ги наруши односите меѓу Сеул и Москва.
„Сеул мора да биде свесен дека евентуалната употреба на јужнокорејско оружје за убивање Руси ќе им наштети на односите меѓу нашите земји. Се разбира, ние ќе одговориме на сите начини што сметаме дека се неопходни“, изјави Руденко за Тасс.
Заменик министерот го повика Сеул внимателно да ја процени ситуацијата и да не презема „непромислени“ чекори.
Руденко се надева дека раководството на Јужна Кореја своите одлуки ќе ги заснова на долгорочни национални интереси, а не на краткорочни размислувања што ќе ѝ бидат пренесени однадвор.
Заменик министерот истакна дека Западот се обидува да го вовлече Сеул во сојуз со Киев, да го вооружи и да го направи соучесник во злосторствата на украинското раководство.