петок, 18 октомври 2024

Министерот за правда не го добил записникот од Судскиот совет, Пендаровски вели, случајот фрла темна дамка врз државата

Објавено на

часот

Сподели

 Министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање за настаните во Судскиот совет рече  дека во Министерството за правда уште не е  добиен записникот од седницата на Судскиот совет, која се одржа на 26 април, на која беше разрешена претседателката на Советот, Весна Дамева.

,,Денеска проверивме пред да дојдеме овде дека такви записници не се пуштени кај нас, немаме никаква информација освен тоа што вие го имате дадено како медиуми. Другиот дел останува нејасен, бидејќи не е објавена никаква одлука во Службен весник. Така што не би сакал да навлегувам во оваа проблематика додека немам на хартија тоа што веќе го имам побарано како министер за правда”, изјави Лога.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски вели дека до разрешувањето на ваквата ситуација со Судскиот совет судиите во земјава нема да можат да примат плата.

„Претседателот на Судскиот совет, кој и да е, е и претседател на Судско финансискиот совет, па народски кажано, ќе нема кој да потпише за плата. Тоа што секако е поважно е што овие случувања фрлаат темна дамка врз демократското досие на државата и може да се каже дека не се случајни реакциите од САД и ЕУ“, изјави Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ