недела, 27 октомври 2024

Министерот за одбрана на САД до Кина: Америка е безбедна само ако Азија е безбедна

Соединетите Американски Држави „можат да бидат безбедни само ако Азија е безбедна“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин во Сингапур тврдејќи дека азиско-пацифичкиот регион е „приоритет за Вашингтон“. Лојд Остин ја даде изјавата еден ден по разговорот со кинескиот министер за одбрана Донг Јун, кој Пекинг го опиша како „позитивен“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„САД можат да бидат безбедни само ако Азија е безбедна и затоа долго го одржуваат своето присуство во овој регион“, кажа Остин на Шангри ла дијалогот, годишната конференција за одбрана која трае до недела која во последните години стана барометар за кинеско-американските односи.

Тој додаде дека и покрај конфликтите во Европа и на Блискиот Исток, Индо-Пацифичкиот регион „останува приоритетно подрачје“ за САД. Вашингтон се обидува да формира нови сојузи и партнерства во регионот, стравувајќи од растечката воена моќ и влијанието на Кина.

Форумот, на кој учествуваат бројни воени функционери од целиот свет, се одржува една недела по големата воена вежба на Кина, за време на која кинески воени бродови и воени авиони го опкружија Тајван, одметнатиот остров кој Кина го смета за дел од својата територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ