среда, 27 ноември 2024

Министерот за одбрана на Израел: Војната во Газа ќе трае повеќе од неколку месеци

Војната во Газа ќе трае повеќе од неколку месеци, предупреди израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за време на посетата на американскиот советник за национална безбедност Џек Саливан на Израел.

Објавено на

часот

Сподели

„Хамас е терористичка организација која се изгради во текот на една деценија за да се бори против Израел и формираше подземна и воздушна инфраструктура која не е лесно да се уништи. Тоа ќе потрае, повеќе од неколку месеци, но ќе победиме и ќе го уништиме Хамас“, изјави тој во Тел Авив.

САД, најблискиот сојузник на Израел, се сè позагрижени за бројот на цивилни жртви во Појасот Газа, иако не ја доведуваат во прашање нивната поддршка за израелската операција.

Портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека САД сакаат да го прекинат конфликтот, но дека тие „не мислат дека би било соодветно да се прекине операцијата сега бидејќи ќе продолжат терористичките напади против Израел, што не е во ничиј безбедносен интерес во регионот на долг рок“.

Советникот за безбедност на Белата куќа, Џејк Саливен, кој денеска пристигна во Израел, пред патувањето оцени дека земјата мора да најде начин да го намали интензитетот на нападите и, како што рече, „да премине во поинаква фаза од операциите со висок интензитет“ што се гледаат сега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ