недела, 20 октомври 2024

Mинистерката Божиновска најави ревизија во енергетиката

Предавање на сите ревизорски извештаи досега кои се спроведени во делот на институциите под надлежноста на Министерството за енергетика и договарање на процес на постојана редовна ревизија на сите институции беше договорено на денешната средба на Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини и главниот државен ревизор Максим Ацески.

Објавено на

часот

Сподели

„Несериозен е односот кон ревизорските извештаи коишто со години забележуваaт, нотираат и информираат за криминал во институциите како што се ЕСМ, МЕПСО, РЕК Битола, а никој не реагирал. Ова веќе ќе престане како пракса, секој што направил криминал или ќе се обиде да направи криминал во делот на енергетиката ќе мора да одговара. Нема да имам никаква толеранција кон секој оној кој го прекршил законот“, изјави министерката Божиновска на средбата со Ацески.
Главниот ревизор укажа на досегашните извештаи за работата на овие институции и за неправилностите.
По средбата со Ацески ќе стапиме во комуникација со надлежните институции за иницирање на постапки за проверка на сите нерегуларноста истакни во ревизорските извештаи, бајави министерката.
Министерството за енергетика вчера испрати и допис до Биро за метрологија, до Државниот инспекторат за техничка инспекција, до Агенцијата за задолжителни нафтени резерви, Геолошкиот завод, АД МЕПСО, ЕСМ, до Националниот оператор на пазар за електрична енергија, АД НОМА ГАС, ЈП „Стрежево“ и до Агенцијата за енергетика за доставување на извештаи за спроведените активности во изминатите четири години и за финансиската состојба во која се наоѓаат институциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ