Актуелната влада посакуваше притисоци, но напротив, станува збор за една пријателска средба во која се разменети многу аргументи. За некои работи се согласуваме, за некои имаме различни мислења, рече Милошоски во интервју за телевизија Сител и истакна дека пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да го променат ставот.
„Тактитката како да се стигне до тој напредок и во развојот и интеграциите е различна затоа што ние сметаме дека за таков напредок предуслов е да имаме рестирање со демократски избори и избор на нова влада која граѓаните би ја овластиле да ги решава проблемите создадени од оваа власт“, рече Милошоски.
„Немало средба со поединечни пратеници, но ние не би имале проблем доколку во некоја прилика има средба со цела пратеничка група како што беше случај со министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка. Како пратеници имаме многу повеќе аргументи, што да кажеме да тоа е дека власта со ова прашање за бугарските барања за смена на уставот покрива многу други реални проблеми“, рече тој.
Милошоски додаде дека со уставните измени власта ја покрива корупцијата, незадоволството на пензионерите, нема учебници во образование, има проблеми во здравство, земјоделие, и затоа потребни се избори.
„Ниту еден пратеник од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да го смени ставот. Нашиот став е аргументиран и сметаме дека е во интерес на Македонија. Нашата цел е Македонија да биде понапредна држава, ако Македонија биде пофункционална со помалку корупција ќе има подобро здравство, армија, полиција, повеќе сигурност и безбедност, подобро образование, Македонија ќе биде подобра држава за себе и граѓаните и покредибилен партнер надвор. Првиот предуслов за тоа се избори и потоа да се работи на сериозни проекти“, нагласи Милошоски.
„Кочничари на евроинтеграциите се оние кои што една година го држеа во фиока ова прашање за уставните измени. Ги прифатија условите од Софија во јули минатата година, а на гласање го ставија дури во август 2023 година, СДС, ДУИ, Алијанса, ЛДП и НСДП. Да беа тие луѓе на кои што им се брзаше и кои што беа сигурни дека прават правилен потег, немаше на 18-ти август 2023-та година да се гласа за уставните измени за дневниот ред, туку ќе се гласаше во септември 2022 година“, истакна Милошоски.
Пратеникот додаде дека се гледа дека Ковачевски не е способен бидејќи нема легитимитет, нема авторитет, тој не е премиерот во владата. Се знае дека ДУИ е премиер во Владата.
„Заради таа своја неспособност, Ковачевски одолговлекува и чека некој од страна да му ги реши проблемите што тој ги создал“, нагласи Милошоски.
Тој посочи дека меѓународните соработници сфаќаат дека македонската Влада во овој момент го има изгубено кредибилитетот кај македонските граѓани по однос на евроинтеграциите, и по однос на темите за здравство, образование, корупција, инвестиции итн.
Милошоски нагласи дека Ковачевски, Маричиќ и Османи прифатиле да се смени Уставот на Македонија само за да се почнат преговорите без потоа да е сигурно дека во следните години нема Македонија да има блокади од Софија.
„ВМРО-ДПМНЕ во изборната програма ќе понуди поголема извесност на евроинтегративниот процес, заштита на достоинството од сите овие понижувања кои што ги прави СДС и ДУИ во однос на Софија и истовремено економска поддршка за државата да може да биде конкурентна кога ќе ги унапредува своите сектори во сите области“, рече Милошоски.
Тој истакна дека на Македонија ѝ е потребно да има сигурен и извесен пат кон евроинтеграциите, да нема непредвидливи блокади, државата да добие економска поддршка. Но исто така Македонија да добие од страна на Софија гест, постапка која што ќе значи почитување на македонското достоинство, идентитет.
„ВМРО-ДПМНЕ е партија која е сигурна дека на следните избори ќе има мнозинство и ќе има мандат да ја формира владата. Имаме желба да соработуваме со опозиционите партии, затоа што смена на власта значи смена на целата власт, не само на еден дел. Но, исто така ќе побараме од сите политички партии и пратеници согласно Уставот да си потпишат изјава и да дадат заклетва дека го почитуваат Уставот на Македонија и нејзиниот територијален интегритет“, изјави