сабота, 21 септември 2024

Милошоски ќе раководи со Буџетскиот совет на Собранието, а Митрески со Советот на Собранискиот канал

Собранието на денешната петта седница го избра Антонијо Милошоски за претседател на Буџетскиот совет на Собранието на Македонија, а Јован Митрески за претседател на Советот на Собранискиот канал. И двајцата се веќе избрани за потпретседатели на Собранието на Македонија.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

За заменик претседател на Буџетскиот совет е избрана Сања Лукаревска, претседателка на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.

За членови на Советот на Собранискиот канал се избрани пратениците Ели Панова, Марија Митева, Благица Ласовска, Санарда Имери-Стафаи, Аднан Азизи, Бобан Карапејовски, Горан Мисовски, Даниела Николова, Дијана Тоска и Илир Демири. За заменици-членови на Советот на Собранискиот канал се избраа пратениците – Љупчо Пренџов, Тони Јаревски, Драгана Арсова, Имрлије Салиу-Фетаи, Садик Сулејмани, Даниела Белимова, Митко Белимова, Митко Трајчулески, Бисера Костадиновска Стојчевска, Рина Ајдари и Сали Мурати.

Во рамки на денешната пленарна седница беше потврдена оставката на Сеат Личина поднесена на 23 април 2024 година од функцијата член на Регулаторната комисија за домување. Исто така, на оваа седница беше констатиран престанок на мандатот на Валентина Димовска од функцијата на Државниот совет за превенција на детско претстапништво заради исполнување на условите за старосна пензија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ