„Во улицата спроти касарната поплавени се гаражи, дворови, а сопствениците поставуваат заштита за водата да не им навлезе во домовите. Поради поплавените улици отежнато се одвива и сообраќајот во овој дел од градот“, соопштуваат од РЦУК-Тетово.
За невремето известени се и ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово.
„ТППЕ-Тетово, ЈКП-Тетово и одговорни лица во Општина Тетово веќе интервенираат со соодветна механизација- багери, но исто така веќе и ТППЕ-Тетово е на терен и врши испумпување на водата од поплавените објекти“, велат од РЦУК-Тетово.