„И во знак на протест сега ќе потпишуваат петиција до ЕУ во која веројатно ќе доминираат фразите за тоа дека сите други политички чинители се лоши, а само ДУИ се оние најдобрите кои се залагаат за демократскиот легитимитет, за владеењето на правото, евро-атланските партнерства и стабилноста на државата.
Океј, ДУИ има право да се лути, да кодоши и да пишува писма.
Но, ќе биде навистина интересно да се види дали меѓу функционерите потписници на тоа писмо ќе бидат и:
– Курто Дудуш, и дали во писмото ќе има дел за информациите што обвинителот Ислам Абази ги знае за (не)законските постапки од областа на урбанизмот во општината Шуто Оризари.
– Селим Адеми, и дали до неговиот потпис ќе стои упатство за уникатната примена на правото во Републичкиот судски совет за незаконито менување на претседател.
– Рамиз Мерко, со потпис и објаснување за процесот на ветинг во корелација со црните листи на стратешките партнери и
– Иџет Мемети, со потпис и експликација колку стабилна и приходна може да биде меѓуетничката соработка во правосудството на еден ‘про-европски’ тандем, особено ако едниот е обвинител, а другиот vрховен судија.
И сигурно нема да се пропушти на оваа петиција да ѝ се закачи ‘европското знаменце’ што ДУИ 100 пати го злоупотреби во Собранието, за да може истото да биде разгледано по скратена постапка во Брисел, Анкара, Софија, Вашингтон и Лондон“, напиша Милошски на својот фејсбук-профил.