петок, 22 ноември 2024

Милков: Изјавата на Пендаровски не води кон смирување на ситуацијата

Објавено на

часот

Сподели

„Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари ќе им се додели статус што на кој било начин е различен од оној од другите уставно признати делови од народите во Република Северна Македонија“, коментира Милков.

Вклучувањето на Бугарите во Уставот на Македонија и заложбата на Скопје да преземе мерки за обезбедување ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на Бугарите, се наведени во Протоколот од вториот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија, кој беше потпишан на 17 јули 2022 година, потсетил Милков а пренесува Бугарската телеграфска агенција (БТА)

Во врска со почетокот на овој процес, Милков изјавил дека ги поздравува напорите на Македонија за исполнување на обврските, кои, според него, треба да доведат до практична рамноправност на тукашните Бугари.

Успешното завршување на еден ваков процес ќе доведе до издигнување на билатералните односи на квалитативно ново ниво и ќе даде позитивен поттик на напорите на Македонија за почеток на преговори за членство во Европската унија, изјавил Милков.

Тој посочил дека процесот на промена на Уставот секако е внатрешна работа на Република Македонија.

Има низа акции кои може да се оквалификуваат како обиди за подигнување на степенот на тензија, со што би се намалила можноста за мирен дијалог и атмосфера за овие промени, истакнал Милков.

„Јас лично не мислам дека изјавите од ваков тип водат кон смирување на ситуацијата“, посочил тој во врска со изјавата на претседателот Пендаровски.

Во духот на нашето досегашно искуство, би сакале да избегнеме сценарија во кои приоди и конкретни решенија се договараат зад грб на Бугарија со земјите членки на Европската унија, за потоа да ни се врши притисок или да бидеме ставени пред свршен чин, коментирал министерот Милков. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ