среда, 11 декември 2024

Кина за рускиот хиперсоничен ракетен напад: „Сите страни да останат смирени и воздржани“

Денеска Кина ги повтори повиците за „смиреност“ и „воздржаност“ од сите страни во украинската војна, откако Русија потврди дека истрелала експериментална хиперсонична балистичка ракета, пренесува агенцијата Франс прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сите страни треба да останат смирени и да покажат воздржаност, да работат на деескалација на ситуацијата преку дијалог и консултации и да создадат услови за неизбежен прекин на огнот“, рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Лин Џијан на редовниот брифинг со новинарите.

Украина го нарече рускиот напад голема ескалација на размерите и бруталноста на војната на „лудиот сосед“, додека Вашингтон рече дека Москва е виновна на секој чекор од ескалацијата на конфликтот. По лансирањето, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека конфликтот во Украина има карактеристики на „глобална“ војна и не исклучува напади врз западните земји.

Како одговор, Пекинг денеска повика на мир.

„Позицијата на Кина за украинското прашање е доследна и јасна, таа се залага за решавање на кризата со политички средства и избегнување на ескалација на ситуацијата“, рече Лин, пренесе АФП.

Кина се претставува како неутрална страна во војната во Украина и вели дека не испраќа смртоносна помош на ниту една страна, за разлика од САД и другите западни земји. Но таа ѝ е близок политички и економски сојузник на Русија, а членките на НАТО ја нарекоа Кина „одлучен помошник на Русија“ во војната, чие покренување не го осуди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ