недела, 27 октомври 2024

Милановиќ: Не размислувам за оставка

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ изјави денес дека не му е до дебата со премиерот Андреј Пленковиќ и дека не размислува за оставка на функцијата претседател на Републиката.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Милановиќ на новинарите им кажа дека одлуката на Уставниот суд дека не смее да биде кандидат на парламентарните избори е истрел во празно, пренесува Хина.

„Тие финти „излези и бори се“, не ми е мене до дебата со Пленковиќ. Ја имавме во 2016 па беше растурен. Ни тоа не е гаранција дека ќе ги добиете изборите“, кажа Милановиќ.

Кажа дека ХДЗ сака тој да даде оставка за да можат сè до крај да заробат и додаде дека не е баш толку наивен.

„Јас давам оставка и уставот одредува кој ќе ме наследи. Оној што ќе ме наследи, ако дава оставка и тој одредува кој него ќе го наследи. А што ако тој третиот даде оставка: Гледате колку е тоа настрано толкување. Значи ХДЗ одлучува“, кажа Милановиќ.

„Ова го правам затоа што морам. Како што се кандидирав бидејќи ме натеравте на тоа“, истакна тој и додаде дека Пленковиќ „сега глуми примерен татко, а става разбојници за државни обвинители“.

На прашањето дали учествува во предизборната кампања, одговори потврдно и додаде дека одлуката на Уставниот суд е „истрел во празно“.

„Јас сум претседател на Хрватска избран со волјата на граѓаните, тие таму се инсталирани како кујнски елементи. Кои почнале да гнијат. Тоа е разликата“, додаде Милановиќ.

Кажа дека никогаш повеќе нема да биде член на ниедна партија, но дека определувањето му е левиот центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ