Малдини доби отказ од Милан поради несогласувања со газдите на клубот за трансфер политиката.
„Милан соопштува дека Паоло Малдини ја заврши својата улога во клубот почнувајќи од 5 јуни 2023“, соопштија од клубот.
Малдини беше еден од најзаслужните за препородот на Милан, освојувањето на Скудетото и враќањето на росонерите во Лигата на шампионите.
Фановите и фудбалерите се шокирани од одлуката на сопствениците, најголемиот дел од нив се скептици за иднината на клубот, времето ќе покаже кој е во право.