понеделник, 18 ноември 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Власта коленичи пред светот и бара притисок врз ВМРО-ДПМНЕ, но нема да успее

Објавено на

часот

Сподели

На состаноците изминатите месеци, ние не читаме поезија, како што веќе имам кажано. Тоа се состаноци на кои аргументирано ја браниме нашата позиција, односно позицијата на огромното мнозинство на македонскиот народ и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ всушност и нема друга опција, треба со факти и аргументи да се спротивстави на криминалните активности на Владата, која не може да испорача сите работи што ги има преземено презела, а со цел да останат на власт уште ден повеќе за да можат да продолжат да крадат.. Тие коленичат пред светот и ја молат меѓународната заедница да доаѓа во Македонија и да ја притискаат ВМРО-ДПМНЕ, да и прават тортура, а со тоа и врз огромното мнозинство граѓани. Но, ќе ги разочам“, рече Мицкоски и нагласи дека не станува збор за инает на неговата партија, туку за став да не се гласа за уставни измени зашто сметаат дека е така најправилно и во интерес на држават и граѓаните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека обидите за притисок нема да успеат.

„Ќе ги разочарам. Уште на 18 август, кога се гласаше дневниот ред, но и претходно, кога на собраниската уставна комисија се гласаше потребата за уставните измени., беше јасно дека нема власта нема двотретинско мнозинство во парламентот“, нагласи Мицкоски.и рече дека власта преку свои медиуми спроведува пропаганда и моли по светот да интервенираат кај нас,.

Тој рече дека жали што и граѓаните мора да ја трпат тортурата заради прашањето на уставните измени, наместо да се зборува за реалните економски проблеми, за инфлацијата, за екстремно високите цени на прехранбените производи, за почеток на учебната година без учебници, за проблемите на земјоделците.

На прашањето дали би прифатил нова лидерска средба за уставните измени, Мицкоски рече дека „на масата нема веќе ништо“. Може да се разговара само за предвремени избори, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и оцени дека власта нема кредибилитет и дека не може да одлучува за нешто што 80 отсто од Македонците не го прифаќаат и 60 отсто од жителите на земјата. 

„Со секој нов ден на одолжување на предвремени избори значат назадуваање на Македонија“; рече Мицкоски.

Според него не е европска политика кога власта оди во Софија и прифаќа такви барања кои значат предавство на националните интереси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ