„Економијата во земјата е на колена, земјоделците мака мачат, учениците немаат учебници, пензионерите протестираат, а власта заработува на мака на народот и мисли дека ќе се спаси од одговорност. Овие од власта, една мала група, заработува на име на смртта, кога зборувам на тоа мислам на оној последен скандал кој се случи на клиниката за Онкологија. Поминаа месеци и гледате дека нема ниту истрага ниту одговорност за тоа што се случува. Без оглед на измените на Кривичниот законик, одговорност ќе има“, рече Мицкоски во Пештани каде беше во посета во рамки на партиската кампања „Важно е, од тебе зависат промените!“.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е важно обединување и застанување, како што рече, зад ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи.