„Која е мојата гаранција, ако не видам добра волја од Бугарија да ги почитува одлуките на европски институции дека и ако успешно фуриозно ги завршиме сите поглавја и преговори дека на самата ратификација на протоколот нема да добиеме вето. Треба за тоа да размислуваме“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека и Бугарија мора да покаже добра волја, а меѓународната заедница да покаже дека навистина сака да ја види Македонија таму после сè што направи Македонија како лојален сојузник на европската заедница.
„И одложено дејство е опција. Се откажавме од знаме 90-тите, менувавме банкноти, менувавме Устав 6-7 пати, нова територијална поделба, на насилен начин се промени Устав и име и ниту една од овие сите земји членки не направи ни приближно толку. Тоа е суштината ние не бараме ништо повеќе од тоа што го бараа другите“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека за да видиме добра волја од ЕУ треба да се интервенира кај Бугарија и бугарската влада да ги исполни обврските според многу меѓународни договори, да го почитува судот за човекови права. Мицкоски нагласи дека за македонската заедница во Бугарија има 14 пресуди од Судот за човекови права во Стразбур, јасни пресуди од кои 6 се задолжителни. Ако ЕУ не може да ја натера Бугарија ова да го почитува, како ќе гарантира дека ова не е последно бугарско барање и нема да има вето, изјави Мицкоски.