среда, 27 ноември 2024

Мицкоски, Силјановска-Давкова, Николоски… на конгрес на ЕПП во Букурешт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија каде ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП), соопштија од опозициската партија.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес во 16,50 часот пред делегатите на Европската народна партија свое обраќање ќе има и претседателот, Христијан Мицкоски.

Во текот на овие два дена на самитот во Букурешт претседателот Мицкоски ќе има повеќе значајни билатерални средби со високи европски политички лидери.

Исто така на овој двовневневен конгрес се очекува претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен да биде предложена да ја води листата на ЕПП на престојните избори за Европскиот Парламент“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера Николоски во функција на известител определен од Парламентарното Собрание на Советот на Европа за Босна и Херцеговина беше во работна посета на Брисел во институции на Европската Унија, на разговори за напредокот на Босна и Херцеговина, но и за можностите за напредок на Западен Балкан како целина.

Николоски заедно со неговиот колега Немет се сретна со Оливер Вархеи – комесар за проширување на Европската Унија и Валентина Суперти – директор за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската Унија. На средбите се разговараше за напредокот во исполнувањето на обврските на Босна и Херцеговина, како и за можностите за побрза интеграција на регионот во Европската Унија.

„Работната посета на овие институции во Брисел уште еднаш ја потврдува заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за интеграција на целиот регион во ЕУ и е потврда за бројните пријателства кои ВМРО-ДПМНЕ ги има во рамки на Европската Унија, Советот на Европа и Европската Народна Партија како најсилна партија во Европа. Потпретседателот Александар Николоски е првиот македонски пратеник избран за известител на Мониторинг комисијата во Советот на Европа за било која држава во Европа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ