среда, 23 октомври 2024

Мицкоски од Велика Британија: Приоритет на Владата е воспоставување на добрососедски односи

На самитот на Европската политичка заедница во Лондон македонскиот премиер Христијан Мицкоски имаше повеќе билатерални средби, меѓу кои со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија Дејвид Лами, средбите со државниците од регионот, средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, со Јаков Милатовиќ, претседателот на Црна Гора, Румен Радев, претседателот на Бугарија, средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, средба со германскиот канцелар Олаф Шолц, со премиерот на Унгарија Виктор Орбан…

Објавено на

часот

Сподели

„На сите овие средби имав можност да разговарам за тоа што претставува предизвици за регионот и она кое што претставува приоритети на идната македонска Влада.
Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.

Би ги потенцирал средбите кои ги имав со претседателот Зеленски, но и со претседателот на Европскиот Совет Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада.

Би го издвоил и моето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што можев да зборувам за предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја. А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа.

Се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде во Оксфорд, Велика Британија“, изјави Мицкоски по завршување на самитот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ