вторник, 26 ноември 2024

Мицкоски: Нема договорена средба со Радев на самитот на ЕПЗ во Будимпешта

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.

Објавено на

часот

Сподели

„Не, но подготвен сум да разговарам со секого, секаде врз основа на вистински договор што ќе не однесе до целта, е на да го направиме само првиот чекор“, рече Мицкоски денеска кој беше на средба со претставници на Масит.

Премиерот, одговарајќи на новинарско прашање за Кривичниот законик и забелешките на ЕК, рече дека тој ќе биде опфатен со реформите во правосудниот систем, но вели дека тоа не го решава проблемот со „криминалците“ од изминатите седум години. Тие, вели Мицкоски, не успеале за сè да се амнестираат, најавувајќи дека деновиве јавноста ќе слушне.

За жал, додаде премиерот, политичките криминалци во изминативе години кои седум дена ги заробија институциите, а во меѓувреме купуваа трговски центри и дуќани во центарот на главниот град, ја распродаваа државата и правеа грешки.

„ Ние такви грешки нема да правиме, и ние кога ќе седнеме на маса ќе преговараме до крајно решение, не само еден чакор да направиме. Не сакаме вас граѓаните да ве држиме како заложници“, рече Мицкоски.

Во однос на Кривичниот законик и тргањето на спорните членови, премиерот вели дека политичките криминалци го направиле за себе за да се заштитат.

„Сега најригорозен закон, гиљотина да донесеме, тие ќе се повикаат на овој што ќе ги амнестира, бидејќи тие однесоа стотици милиони ваши пари, народни пари“, рече Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ