понеделник, 25 ноември 2024

Мицкоски: Мора да нѐ биде и ќе нѐ биде

Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, денеска порача дека „мора да нѐ биде и ќе нѐ биде“, а ваквиот оптимизам го темели, како што напомена, на сите досегашни средби со релевантните светски лидери, реализирани во изминатите речиси пет месеци. Мицкоски при денешната посета на Велес најави дека со новиот повик на Министерството  за локална самоуправа за проект во овој град се предвидени 6 до 6,5 милиони евра.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон, премиерот ги квалификува како суштински дијалог. На средбата во Будимпешта, информира, со Макрон разговарале не само за македонските евроинтеграции, туку и за многу заеднички проекти во областа на економијата, инфрастурткруата, здравството,…

„Кога би заокружил сѐ за помалку од пет месеци, можам да им порачам на граѓаните дека мора да нѐ биде и ќе нѐ биде. Да бидеме оптмисти. Успеавме да се сретнеме со сите релватни светски лидери за толку кратко време, нешто што порано не беше возможно ниту во едне мандат. Видов одредени натписи на одредени портали кои ја поддржуваат работата на опозицијата, како моите средби ги споредуваат со средбите на некои други лидери во околината, но кога би ја објавувал секоја слика со секого со кого ќе се поздравам, би изгледало тривијално. Мислам дека е покорисно да се објавуваат вистински, суштински средби во кои има суштински дијалог. Таква беше средбата со францускиот претседал. Покрај прашањата поврзани со ЕУ интеграцијата на нашата земја, зборувавме и за соработката во економијата, имаме многу проекти во инфраструктурата, здравството кои ни се важни и кои како влада со влада може да ги реализираме, комуникацијата продолжува, дента имавме можности често да бидеме заедно и да разговараме за мнгоу отворени теми“, истакна Мицкоски по увидот во градежните работи на три делници кај Велес.

Во врска со изјавата на еврокомесарката Марта Кос според која, земјава треба да ги спроведе уставните измени, премиерот рече дека ја разбира нејзината изјава затоа што таа требаше да го помине „сослушувањето“, по кое европратениците, меѓу кои и бугарските требаше да гласаат за нејзиниот избор за еврокомесарка за проширување на Европската Унија.

Одговорајќи на новинарско прашање за инсистирањето на ДУИ за граѓанско изјаснување, Мицкоски уште еднаш повтори дека ги разбира политичарите од опозицијата и повтори дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите поврзани со големи злоупотреби правени во минатото.

„Ги разбирам политичарите во опозиција дека се нестрпливи и дека мислат дека со предвремени избори ќе ги решат проблемите. Имам чувство дека за некои опозициски политичари допрва доаѓаат проблемите кои се поврзани со големи злоупотреби правени во минатото“, потенцира премиерот.

Мицкоски уште кажа дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата е стабилна и конслидирана, а Владата, и покрај сите предизвици, навреме презема мерки за да нема ценовен шок и да има електрична енергија.

Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, за идната недела најави „пријатно изненадување“ поврзано со енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси.

Ваучери за инвертери за домаќинствата, како што информира премиерот, ќе има и идната година.

„До овој момент немам информација дека ќе има зголемување на цената на електричната енргија. Зимата ќе биде предизвикувачка, имајќи предвид со што се се соочува Европа и какви се временските прогнози. Во име на тоа преземавме мерки, за да не дојде до ценовен шок и до поскапување на струјата. Како тоа на крај ќе заврши, зависи и од Регулаторна комисја за енергетика“, истакна Мицкоски.

Тој потсети дека оваа Влада го почнала мандатот со одлуката од претходната, која обезбеди 85 отсто од потребите на граѓаните од 1 јули до 31 декември.

„Веќе сме средина на ноември, ние ја зголемивме количината на 100 проценти, а притоа не дојде до поскапување на струјата. Компанијата се консолидира, ја посетивме РЕК Битола, околу 200 – 250 илјади тони имаме на депонија, на греда, таа состојба беше на нула, имаме парче кое се ископува од 1,5 милиони, се увезува јаглен по 10, 15, 20 отсто пониски цени, режиските трошоци се намалени за 15 отсто. Заштедата ќе биде околу половина милијарда денари кога ќе заврши целиот процес. Тоа ми дава право да кажам дека состојбата е стабилна, конслидириана, и покрај сите предизвици преземавме навреме мерки за да нема ценовен шок, да има струја. Гасот што го набавуваме за потребите на ЕСМ е за драматично пониска цена од онаа што го набавуваше претходната Влада. Следната недела, среда, четрток, очекувам пријатно изненадување кога станува збор за енергетиката и сигурноста во снабдувањето со енергенси“, подвлече Мицкоски.

Информира и дека пред да дојде денеска во Велес имал состанок со министерката за енергетика Сања Божиновска, од која бил информиран дека над 85 отсто од ваучерите за инвертери се поделени за помалку од два дена.

„Интересот е голем, правиме се што можеме да го затвориме процесот како што треба и во иднина да ја зголемиме поддршката“, истакна Мицкоски.

Се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкурентни цени, вака накусо премиерот Христијан Мицкоски денеска одговори на новинарско прашање околу неговата вчерашна средба со раководството на компанијата Рош.

„Во напредна фаза сме, станува збор за една од првите три комапнии во светот која тука одреден период не беше пристуна. Конечно, се обидуваме да се вратат и граѓаните да добијат врвна здравствена услуга по конкуреннти цени. Тоа не значи дека ќе го намалиме обемот на средства што ќе се инвестират. Обемот ќе остане ист, поентата е во намалувањето што ќе го добиеме, да го зголемиме бројот на осигурениците кои бесплатно ќе ја користат таа услуга. Се обидуваме со стратегија, директно во разговори со големи гиганти и производители на лекови, да обезбедиме конкурентни ниски цени, да не биде како до сега, цените да се зголемуваат, па да се празни фондот“, објасни Мицкоски.

Тој потсети дека на почетокот од мандатот, оваа Влада ја прошири позитивната листа со лекови.

„Заштедивме неколку милиони евра на граѓаните. Лично сум вклучен во делот на здравството и следниот период ќе работиме на подобрување на услугите, но и на услвоите за работа на здравствените работници. Почнавме темелни преговори со синдикатите. Неделава очекуваме напредок, за кон крајот на неделата да излеземе со уште едно решение за проблемите напластени со годините. Целта е граѓаните да добијат врвни здравствени услуги“, повтори Мицкоски.

Тој при денешната посета на Велес најави дека со новиот повик на Министерството  за локална самоуправа за проект во овој град се предвидени 6 до 6,5 милиони евра.

Тој потенцира дека со нетрпение ја очекува изградбата на подземната катна гаража во центарот на Велес и уредување на градскиот плоштад.

„Таа ќе биде прекрасно архитектонско дело. А ние да продолжиме да се радуваме на проекти и пријатно да ги изненадуваме граѓаните и да им испорачаме повеќе од тоа што сме им ветиле“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој денеска со потпретседателот на Влада и министер за транспорт и врски  Александар Николоски и директорот на ЈПДП Коце Трајановски и својот домаќин градоначалникот Марко Колев, направи увид во реновираните два влеза во Велес кои се делови од два региоални правци за кои Владата преку ЈПДП за трите делници издвои околу 44 милиони денари. Воедно премиерот Христијан Мицкоски на своите домаќини и граѓаните на Велес им го честиташе празникот 9-ти Ноември и 80 години слободен Велес.

Директорот на ЈПДП Коце Трајановски вети дека следната година во оваа време ќе започне изградбата на нов мост на реката Вардар кај Башино Село на еден од влезовите во Велес.

„Мостот на Вардар кај Башино Село е во многу критична состојба и ЈПДП  овој месец ќе објави јавна набавка за проектирање на нов мост на реката Вардар.Се надеваме дека изборот ќе биде некаде во јануари 2025, до летото да биде готов проектот и следната години во октомври-ноември да започне изградбата на нов мост на реката Вардар во близина на Башино Село на еден од влезовите  во Велес, а кој мост е дел од регионален пат“, информира Трајановски.

Трајановски потсети дека ЈПДП има два регионални патни правци кои поминуваат низ Велес, а кои ги финансира ЈПДП.

„Реконструкцијата на овие два патни правци на двата влеза во Велес ги финансира ЈПДП с околу 44 милиони денари,а градежните работи ги изведе Македонија Пат –подружница Велес.Тоа е еден добар пример за одлична соработка помеѓу локалната власт и ЈПДП и  Владата“, нагласи Трајановски.

Тој потенцира дека ЈПДП прави напори освен в Велес и во другите градови да ги направи овие патишта кои се во нејзини ингереции.

„За жал голем дел од овие Регионални патишта поминуваат низ центрите на градовите,бидејќи нема обиколници околу некои од градовите. Затоа е во тек изградбата на обиколницата околу Тетово,Ресен и Кавадарци е во проектирање.Воедно се надеваме дека следната година и таа обиколница ќе биде готова.Целтта ни е во центрите на градовите, патиштата да бидат  во надлежност  на општините и повеќе да не бидат во надлежност на ЈПДП“, нагласи Трајановски.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски информира дека во разлилни проекти во Велес годинава инвестирале околу 5 милиони евра.

„Овој  влез во Велес  чини  околу  750 илјади евра, преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани,1,1 милион евра за реконструкција на три улици кои се веќе реконструирани или се во тек на рекнструкција.Исто така преку одлуката на Влада за дотации на општините во Општина Велес треба да се инвестираат околу 2,2 милиони евра,за договори кои веќе се потпишани.Воедно тука е и социјалната зграда која е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови.Голема активност во оваа ,а за следната година најавувам уште поголема активност и заедно со примиерот и директорот на ЈПДП и градоначалникот ќе работиме на уште повеќе проекти“,најави потпретседателот на Влада и министер за транспорт и врски Николоски.

Сите гости предводени од премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Колев потоа направија увид во регионалните патни правци а потоа и на трите реновирани спортски етрени во основното училиште Васил Главинов со средства од општината, а каде со средства од Владата преку Министерството за образование и наука целосно беше реновирана и спортската сала и дадена опрема за учениците.

Воедно во училиштето Коле Неделковски тие ја  посетија Меѓународната изложба на пронајдоци, патенти и индустриски дизајн 45 Макинова и 22 Еконова која ја  организира Народна техника на Македонија под покровителство на претседателката  Гордана Силјановска Давкова. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ