Оваа денешна средба е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините, а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините.
Денеска испративме силна и јасна порака дека нашата Влада искрено се залага за зајакнување на општините низ целата држава, соопшти Владата.