петок, 13 декември 2024

Eвропратеникот Џамбаски влезе во софискиот театар, Малкович шокиран од упадот

Холивудскиот актер Џон Малкович е вудоневиден од синоќешниот упад на демонстранти во Народниот театар во Софија каде се одигруваше претставата „Оружјето и човекот“ по текст на Џорџ Бернард Шо.

 

 

Објавено на

часот

Сподели

„Ова е шармантна и смешна претстава. Сè уште мислам дека е така. Никогаш не мислев дека некој може да биде навреден од претставата. Немам право да цензурирам, па ни демонстрантите, моја работа е да режирам. Чудни времиња“, изјави Џон Малкович по демонстрациите пред Народниот тетар во Софија по повод премиерата на претставата  „Guns and the Man“ во Народниот театар. Малкович толкуваше улога во претставата.

Демонстрантите предводени од контроверзниот бугарски европратеник Александар Џамбаски рекле дека за нив претставата е навредлива бидејќи ги претставува во лошо светло бугарските војници во бугарско-српската војна од 1885 година. Тие сметаат дека претставата е навреда за националните и христијанските вредности и дека Василев дозволил таква содржина.

Малкович вели дека не му ни паднало на памет дека претставата може да биде навреда. Тој потсети дека минатото лето ја поставил истата претстава во Летонија.

Текстот „Оружјето и човекот“ на Бернард Шо се смета за пародија на империјализмот и национализмот. Се раскажува за судбината на еврејско семејство и има трагичен крај.

Реакција за случајот стигна и од директорот на Народниот театар во Софија. „Не дозволивме да го сквернават театарот, да фрлаат јајца внатре или напред. Денеска покажавме која е нашата професија. Што и да зависеше од нас, ние го направивме“, објасни Васил Василев.

Според демонстрантите и датумот на премиерата не е случаен, бидејќи, како што велат, на 7 ноември бугарските трупи извојувале победа над српската војска во битката кај Сливница.

Премиерата сепак се одржа ама само пред новинарите.

За време на вчерашните судири, демонстрант му ги зел и скршил очилата на актерот Владо Пенев, директорот на театарот завршил со искината кошула и вратоврска, а пред театарот бил нападнат познатиот режисер и сценарист Тео Ушев.

Ушев, кој живее во Канада, побара оставка од министерот за внатрешни работи Атанас Илков.

Стотици граѓани синоќа ги окупираа влезовите на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија , а некои од нив влегоа внатре и се расправаа со директорот Васил Василев и продуцентот на претставата на холивудската ѕвезда Џон Малкович, „Оружје и човекот“.

Според директорот на театарот, Василев, нема проблем во претставата.

„Имаше притисок да се цензурира оваа претстава уште пред да се изведе претставата, ова е неприфатливо, ова не беше мирен протест. Излегов смирено кон демонстрантите, ги повикав да дозволат оваа претстава да се изведе и па да дадат оценка“, кажа Василев за БНТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ