вторник, 3 декември 2024

Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање филмови за 2024

Агенцијата за филм го поништи конкурсот за финансирање проекти за филмови за 2024 година, што значи дека годинава нема да се снимаат македонски филмови.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за поништување, донесена на 30 октомври, се темели на неправилности и незаконитости во процесот на спроведување на конкурсот.

„Конкретниот конкурс се поништува поради тоа што со поведувањето и спроведувањето на истиот се утврди дека постојат неправилности и незаконитости во дејствија“, стои во одлуката.

Причините за поништувањето вклучуваат ненавремени одлуки за пријавените проекти, кои не беа донесени ниту во април, ниту по продолжениот рок, што е во спротивност со законските рокови.

Исто така, постоеле интерни акти кои не биле усогласени со законите за евалуација на проектите, а имало и нејаснотии околу роковите и критериумите за пријавите. Поради овие проблеми, Агенцијата оцени дека понатамошното спроведување на конкурсот би било законски спорно, па го поништи во целост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ