Во духот на одличната соработка беше и оваа средба во која се потенцираше важноста за реформските процеси како и можностите за продлабочување на соработката помеѓу Македонија и Германија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски, како што информираат, на средбата истакнал дека новиот пратенички состав и идната влада ќе биде силно посветена на реформи и трансформација.