петок, 18 октомври 2024

Месиќ: Заемното повлекување на тужбите би ги изедначило улогите на Хрватска и Србија во војната

Објавено на

часот

Сподели

Месиќ во интервјуто за српски „Данас“ додава дека не би требало брзоплето да се влетува во такви комбинации и дека „требало да се има повеќе памет и политичка визија кога се подготвувале тужбите“.
„Јас бев за тоа да се истражат сите можности кога да го оствариме тоа што го сакаме, а да избегнеме поднесување тужба, и, секако, српската контратужба што се очекуваше“, изјави Месиќ и додаде дека поранешната влада немала слух за таков став.
Поранешниот хрватски претседател смета дека мора да се осигури дека никогаш „нема да се заборави кој кого нападна, да не се заборави дека Слободан Милошевиќ не прифаќаше ни федерација, ни конфедерација, дека неговата политика беше менување на границите со војна и дека таа политика вклучуваше воени злочини и геноцид“. Тој потсети дека пред повлекувањето на тужбите треба да се решат прашањата за исчезнатите и прашањата за воената штета. „Нека реши судот и тогаш ниту нам, ниту на српската страна нема да ни остане ништо друго освен да го прифатиме решението“.
Тој смета дека и за Хрватска и за Србија е најдобро да продолжат да ги нормализираат односите, да воспоставуваат меѓусебна доверба и разбирање и сето тоа врз темелите на соочувањето со вистината за минатото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ