петок, 18 октомври 2024

Меси: Останувам во Барса додека не им здосадам

Објавено на

часот

Сподели

Меси со Барселона ги освои сите можни тимски и индивидуални награди, и како член на каталонската фудбалска академија од која влезе во првиот тим на Барса, нема дилема за својата иднина.

„Се наоѓам во најдобриот клуб на светот и ниту еден друг клуб не би можел да ме исполни како Барселона. Се надевам дека ќе останам тука додека не им здосадам. Односно, се надевам дека тоа никогаш нема да се случи. Јас израснав во Ла Масија и јас сум човек направен во Барса. Имам 24 години и штотуку ја започнав кариерата, па невкусно е сега да се суди за неа. Јас ги почитувам великаните како Ди Стефано, Пеле, Марадона…, што значи дека луѓето за мене треба да зборуваат кога ќе завршам со фудбалот“, рече Меси.

Оваа изјава на Аргентинецот помалку ќе ги разочара арапските шеици, кои не жалат пари за да ги гледаат светските ѕвезди. Уште пред една година, низ Европа струеше вест дека Абу Даби Јунајтед груп, сопствениците на Манчестер сити, чекаат погоден момент да излезат со понуда што не се одбива за да го добијат Меси. Се претпоставуваше дека само за обесштетување шеиците од Абу Даби се спремни да потрошат над 150 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ