петок, 18 октомври 2024

Мерил Стрип сака филмови со постари жени

Објавено на

часот

Сподели

Мерил Стрип се надева дека нејзиниот најнов филм, „Железната лејди“, ќе инспирира повеќе филмови со постари актерки во главната улога.
62-годишната легенда на големото платно ја глуми поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во новата политичка драма и се надева дека Холивуд ќе ги земе како пример сценариото и кастингот на филмот и ќе сфати дека публиката сака различност во понудата.
Таа на синоќешната премиера на филмот во Лондон изјави: „Ако ја погледнете понудата на филмови од минатата година, меѓу повеќе од 300 филма има многу малку во кои глумат 62-годишни жени, но тоа не значи дека нема многу приказни што тие не можат да ги одглумат, или дека нема многу жени, или мажи што би сакале да ги видат. Сметам дека секој филм што ќе излезе во јавноста и ќе добие големо внимание му дава шанса на следниот, и така во низа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ