среда, 23 октомври 2024

Медведев за Бајден: Деменцијата е корисна работа

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден кажа дека вистинската намера му е „да го спушти“ претседателот на Русија Владимир Путин „таму каде што нема да може да ги предизвикува неволјите кои ги предизвикува“.

Објавено на

часот

Сподели

Заменик претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев истакна дека претседателот на САД веќе заборавил што кажал и затоа деменцијата е корисна работа во неговиот случај.

Тој на социјалната мрежа Икс (Твитер) напиша дека Бајден соопштил дека сака повторно да се кандидира за претседател, да ја обедини цела Европа и „да го спушти“ Путин.

„Значи за тоа станува збор. Ние, наивно, мислевме дека станува збор за обезбедување напредок на Американците. Како и да е, ништо од тоа нема да се случи. Една од причините е тоа што тој веќе заборавил што кажал. Деменцијата е корисна работа“, напиша Медведев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ