петок, 18 октомври 2024

Медведев: Терористите го разбираат само јазикот на силата, треба да им ги кренеме куќите во воздух

Објавено на

часот

Сподели

„Затоа е неопходно да се разнесат куќите на терористите и куќите на нивните роднини, да се бараат и елиминираат нивните соучесници, напуштајќи ја бесмислената идеја на судење против нив. Но, најважно е да се уништи највисокото раководство на терористичките формации, во кои пукнатини и да се кријат овие инсекти. Тешко е, но е изводливо“, наведе Медведев на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин изјави дека украинските власти „сега го претставуваат терористичкиот напад на мостот на Крим како национално достигнување“.

„Тие се обидуваат да ги прикријат сопствените неуспеси со напади врз цивилното население и цивилната инфраструктура“, рече вршителот на должноста шеф на ДНР на Телеграм.

Две лица загинаа, а едно дете е повредено во нападот утринава на мостот на Крим, за кој Русија ја обвини Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ