сабота, 26 октомври 2024

Медведев: Русија ќе ги уништи функционерите во Киев ако се поврзани со нападот во Москва, смрт за смрт

Русија ќе ги пронајде и ќе ги уништи највисоките функционери на Украина доколку тие се поврзани со оружениот напад кај Москва во кој во петокот беа убиени десетици, изјави поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

„Ако се утврди дека ова се терористи на киевскиот режим… сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи“, напиша Медведев во објава на Телеграм, додавајќи дека „официјалните претставници на државата што извршила такво злосторство “, исто така, би биле казнети.

Во пораката на Телеграм Медведев рече:

„До семејствата на загинатите во терористичкиот напад – искрено сочувство, им посакувам сила на сите најблиски на жртвите.

Терористите разбираат само одмазднички терор. Никакви судења или истраги нема да помогнат ако на силата не ѝ се спротивставите со сила, а на смртта со тотални егзекуции на терористи и репресии врз нивните семејства. Светско искуство.

Ако се утврди дека се работи за терористи на режимот во Киев, невозможно е да се постапува поинаку со нив и со нивните идеолошки инспиратори. Сите тие мора да бидат пронајдени и безмилосно уништени како терористи. Вклучувајќи ги и функционерите на државата што извршила такво злосторство.

Смрт за смрт.“

Руските власти соопштија дека најмалку 40 лица се убиени, а 100 се ранети во оружениот напад во концертна сала во московското предградие.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ