„Доналд Трамп е навреден од актуелната администрација и се заканува дека ќе ги укине санкциите против Русија. Дали ќе ги укине ако биде избран? Секако дека нема. И покрај неговата навидум „несистемска“ природа, Трамп на крајот е системски лик.
Да, тој е екстравагантен нарцисоиден тип, но е и прагматичар. Трамп, како бизнисмен, разбира дека санкциите и штетат на доминацијата на доларот во светот. Но, не толку за да организира револуција во САД и да оди против антируската линија на озлогласената длабока држава, која е многу посилна од кој било Трамп“, напиша Медведев.
„А што е со Харис? И од неа не очекувајте никакви изненадувања. Таа е неискусна и, како што тврдат нејзините непријатели, едноставно глупава. Ќе ѝ подготват убави бесмислени говори и здодевно точни одговори на прашања кои со заразна насмевка ќе ги чита од дисплејот пред камерата.
Санкциите против СССР постоеја во текот на 20 век. Тие се вратија во 21 век во невидени размери. Значи за сите нас – санкции засекогаш. Или подобро кажано, до распадот на Соединетите Држави за време на неизбежната нова граѓанска војна. На крајот на краиштата, Холивуд не за џабе снима филмови за тоа“, додаде тој.