среда, 20 ноември 2024
Изјави на лидерот на новиот политички субјект

Меџити: Сега Алијанса на Таравари е „огнена група“ во Владата

Објавено на

часот

Сподели

„Како ние што го почнавме во ДУИ, така и Алијанса во Владата се критички настроени кон појавите, кон политичките состојби. Како огнена група. Но, секако, внатрешно прашање на Алијансата е како ќе се позиционира понатаму“, рече Меџити.

Тој рече дека го молел лидерот на интегративците Али Ахмети да не дојде до оваа ситуација до која сега е дојдено, партијата да се дели и да се формира нов политички субјект. Не ме слушаше, а сега веќе нема што да си кажеме повеќе, рече Меџити.

„Немаме комуникација повеќе од 7-8 месеци. Тој не комуницираше со мене, но и јас не комуницирав со него. Ги знаеме одговорите еден на друг. Многупати сме дебатирале за нив, сум се трудел, сум го молел, до бога, да не дојдеме до оваа ситуација. Сега таа дебата е исцрпена, нема што да разговараме“, рече Меџити.

„Многу ниско ниво, ниска провокации“, кусо ја искоменткра Меџити објавата на Артан Груби на Фејсбук на која е поставено видео од голем политички собир на ДУИ во Чаир каде на бината  се појавува Груби, а масата народ аплаудира и под кое видео одат стихови – првиот стих гласи: „Потребен сум им како кислород“.

Меџити објасни дека сега неговата група во Собранието на Македонија има тројца пратеници, тој, пратеничката Мерита Коџаџику и досегашниот независен Кастриот Реџепи.

„Имаме 3 пратеници,… Мнозинството сега е кревко. Не ме чуди што имаат проблем со 61 глас. А тоа мнозинство преживеа благодарение на господинот Реџепи“, рече Меџити.

Меџити додаде дека Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи ќе ја критикуваат власта во Собранието како најнова албанска опозиција.

                       Фото: Состанокот на кој беше најавено формирање нов политички субјект

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ