среда, 25 септември 2024

Мбапе се повреди, го пропушта дербито против Атлетико Мадрид

Реал Мадрид ја потврди повредата на Килијан Мбапе, а шпанските медиуми соопштија колку тој ќе биде надвор од теренот.

Објавено на

часот

Сподели

Мбапе заработи повреда на вчерашниот натпревар против Алавес, според соопштението на кралскиот клуб се работи за мускулна повреда на левата нога.

Тој ќе биде во аут три недели и во игра ќе се врати по репрезентативната пауза во октомври.

Мбапе ќе го пропушти дербито против Атлетико Мадрид, натпреварот од ЛШ против Лил, како и дуелот со Виљареал. Нема да биде во комбинација ниту за мечевите на Франција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ