понеделник, 28 октомври 2024

Мбапе ќе му прости на ПСЖ помеѓу 80 и 100 милиони евра, но под еден услов

Килијан Мбапе вчера испрати енигматична порака за својата иднина, а како што пишува Ле Паризиен, напаѓачот ќе му прости на ПСЖ помеѓу 80 и 100 милиони евра доколку беспари замине од Париз.

Објавено на

часот

Сподели

По вчерашниот триумф над Тулуз во Суперкупот, Килијан Мбапе проговори за својата иднина. Напаѓачот изјави дека се уште не донел одлука каде ќе игра следната сезона, и порача дека има „дил“ со Насер Ал Келаифи според кој сите страни се заштитени.

Ккао што пишува Ле Паризиен, Килијан Мбапе ќе му прости на ПСЖ помеѓу 80 и 100 милиони евра доколку летоска беспари замине од Париз.

Но доколку стави потпис на нов договор, не само што ќе ја добие оваа сума, ќе „лапне“ и нов мултимилионски бонус за продолжување на соработката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ