сабота, 26 октомври 2024

Масовни протести на Куба, граѓаните имаат само две барања – храна и струја

Кубанците вчера организираа улични протести, што е реткост во таа земја, поради немањето храна и струја, откако одделни делови од островот поради недостиг од струја останале без електрична енергија и до 14 часа дневно.

Објавено на

часот

Сподели

„Луѓето викаа: Храна и струја!“, анонимно за Франс прес кажал 65-годишен жител на вториот по големина град на карипскиот остров Сантијаго, кој се наоѓа на 800 километри источно од престолнината Хавана.

Подоцна во текот на денот во градот била вратена струјата и стигнале „два камиони ориз“, кажал тој.

Социјалните мрежи се полни со фотографии од протестите во Сантијаго, во кој живеат 510.000 луѓе. Објавени се и фотографии од протестот во Бајамо, уште еден голем град.

Од почетокот на март на Куба се чести прекините во снабдувањето со струја поради работите на одржувањето на термоцентралата Антонио Гитерас, која е најголема на островот. За време на викендот ситуацијата се влошила поради недостигот од гориво потребно за произведување струја.

Некои области, како градот Сантијаго, биле без струја и по 14 часа дневно.

„Луѓето го изразија своето незадоволство поради ситуацијата со струјата и храната“, кажа кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел, предупредувајќи дека „непријателите на револуцијата“ планираат да ја искористат ситуацијата.

„Има терористи со седиште во Соединетите Американски Држави, кои ги осудивме во неколку наврати, кои поттикнуваат акции спротивни на внатрешниот поредок на земјата“, додаде тој.

Амбасадата на САД во Хавана соопшти на социјалните мрежи дека е запознаена со извештаите за „мирните протести“ во Сантијаго, Бајамо и други делови на Куба.

Куба струјата ја добива од осум стари термоцентрали, генератори и осум пловечки централи изнајмени од Турција, кои исто така се погодени од недостигот од гориво.

Претходно месецов владата ја зголеми цената на горивото за повеќе од 400 отсто како дел од својот план за економско заздравување. Земјата со 11 милиони луѓе ја доживува најлошата економска криза од распадот на СССР во 1990-тите години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ