вторник, 19 ноември 2024

Маск: Британија оди во тотален сталинизам

Илон Маск ја продолжи својата кавга со британската влада, обвинувајќи ја дека навлегла во „тотален сталинизам“ со зголемување на данокот на наследство за фарми вредни повеќе од 1 милион фунти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е најновиот напад на сојузникот на Доналд Трамп врз британската лабуристичка влада и доаѓа додека Лондон се обидува да ги поправи односите со тимот на Трамп пред неговата инаугурација.

Коментарите на Маск се фокусираа на контроверзниот даночен план што лабуристите го претставија минатиот месец. Владата го укинува ослободувањето од данок на наследство за некои фарми, потег што Националниот синдикат на фармери го нарече катастрофален. Во Лондон денеска се очекуваат големи протести на земјоделците, пишува Политико.

Промените, кои стапуваат на сила во април 2026 година, ќе доведат до тоа оние кои наследуваат фарми вредни повеќе од 1 милион фунти да бидат погодени со стапка на данок на наследство од 20 отсто. Британското Министерство за финансии вели дека веројатно ќе бидат погодени помалку од 500 фарми годишно и посочува дека данокот е за половина помал од другите даноци на наследство.

„Британија оди во тотален сталинизам“, напиша Маск на Икс, споделувајќи напис на Гардијан за планот на британската влада. Сталин е советски диктатор кој водеше брутална програма за колективизација на фармите, по што следеше широко распространет глад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ