петок, 18 октомври 2024

Мареј потврди, по Олимписките игри става крај на кариерата

Легендарниот тенисер, Енди Мареј по Олимписките игри ќе стави крај на кариерата, па настапот во Париз за него буди посебни емоции.

Објавено на

часот

Сподели

Освојувачот на три грен-слем трофеи, Енди Мареј кого повредите го спречија да направи уште поголема кариера, потврди дека настапот на Олимпијадата ќе биде негов последен.

„Пристигнав во Париз за мојот последен тениски турнир кој ќе го одиграм некогаш. Натпреварувањето за Велика Британија беа убедливо најнезаборавните недели во мојата кариера и јас сум екстремно горд што ќе го направам тоа уште еден, последен пат“, напиша Мареј на социјалните мрежи.

Мареј е двоен освојувач на Вимблдон, еднаш триумфираше и на УС Опен. Дури петтпати беше финалист на Австралија опен и еднаш на Ролан Гарос. Во ноември 2016 година беше прво место на АТП ранг листата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ