Фудбалерите на Арсенал не издржаа многу на Етихад, веќе во седмата минута Манчестер Сити дојде до водство со гол на Кевин Де Брујне.
Пред самиот крај на првото полувреме, Де Брујне ја имаше улогата на асистент, нафрли, а Стоунс со глава погоди за 2-0.
По девет минути игра во вториот дел нов гол на Де Брујне, како и првиот, така и сега по асистенција од Халанд. Сити поведе со 3-0.
Во 86. минута Арсенал преку Холдинг ја ублажи предноста на Манчестер Сити на 3-1.
Во судиското продолжение, Халанд тргна репчето, за првпат играше со пуштена коса и само неколку минути откако го направи тоа постигна гол за конечни 4-1. Негов 33. погодок оваа сезона во Премиерлигата.