Минатиот месец, Манчестер јунајтед реши дека повеќе не може да го толерира Ерик тен Хаг, па му врачи отказ. Откако беа разгледани неколку кандидати, за нов тренер беше именуван Рубен Аморим, кој изминатиов викенд го имаше своето деби на клупата.
Последните финансиски извештаи на клубот од Олд Трафорд откриваат колку пари чинела тренерската рокада.
За отказот на Ерик тен Хаг и неговите помошници, помеѓу кои и Руд ван Нистелрој, биле одвоени 10,4 милиони фунти.
Што се однесува до ангажманот на Рубен Аморим, биле платени 11 милиони фунти за да се активира откупната клаузула и да се забрзаат работите за младиот стратег и неговиот тим да седне на кормилото на Манчестер јунајтед.