Почетокот на натпреварот наговестуваше нешто поинакво, Манчестер јунајтед поведе уште во втората минута со гол на Рашфорд. Но, се покажа дека тоа е и единствениот гол за Јунајтед на натпреварот.
Во 43. минута Хачисон постигна гол за израмнување на 1-1, што беше и конечниот резултат.
Претходно Ливерпул со 3-2 славеше на гостувањето кај Саутемптон. Два гола за црвените постигна Салах, еден беше дело на Собослаи.