Димитриевски претходно во Општината ги изненади со подарок за 8 Март и сите раководителки жени во Општина Куманово и во неговиот кабинет, потенцирајќи дека тие се столб на семејството и нивното место е на позиции каде што се носат одлуките, соопшти неговата партија ЗНАМ.
Максим Димитриевски со дамите во Домот за стари лица „Зафир Сајто“
Во чест на 8-ми Март, Денот на жената денеска градоначалникот на Општина Куманово и кандидат за претседател на Македонија Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска го посетија Домот за стари лица „Зафир Сајто”- Куманово и на почитуваните припаднички на понежниот пол кои престојуваат во домот, на нивните негователки и персонал им подарија свежи рози, изразувајќи должна почит кон нив.
Објавено на
часот