недела, 27 октомври 2024

Макрон му порача на Нетанјаху: Присилното преселување на населението е воено злосторство

За време на телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, францускиот претседател Емануел Макрон го потврди своето противење на офанзивата на Израелските одбранбени сили (ИДФ) во Рафа и го предупреди дека секое принудно преселување на населението ќе претставува воено злосторство, соопшти прес-службата на Елисејската палата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон, кој повикува на итен и траен прекин на огнот во Газа, исто така ги осуди неодамнешните израелски најави во поглед на населувањето, додека Израел најави заплена на 800 хектари земја во долината Јордан на окупираниот Западен Брег, објави телевизијата БФМ.

Додека израелската војска од понеделникот спроведува голема операција во болничкиот комплекс Ал-Шифа во градот Газа, каде што тврди дека убила околу 170 борци и вети дека ќе остане се додека не го најде и последниот, Макрон изрази длабока загриженост за операциите извршени од израелската војска.

Макрон повтори дека иднината на Газа може да се обезбеди само во рамки на идна палестинска држава и под одговорност на Палестинската самоуправа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ