Макрон оцени дека на Украина треба да ѝ се дозволи да го користи оружјето кое ѝ го обезбедуваат нејзините западни сојузници за гаѓање цели на територијата на Русија и „неутрализирање на точки од кои земјата се напаѓа“.
Украина не успева да го сопре руското пробивање во источните области Харков и Доњецк. Целта на офанзивата е да се искористи недостигот од муниција и војници на Киев долж линијата на фронтот од околу 1.000 километри.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствуваше денес заедно со западните лидери во Франција на одбележувањето на сојузничката инвазија на Нормандија во 1944 година и повторно побара дополнителна помош од Западот.