сабота, 26 октомври 2024

Макрон и Гутереш, меѓу другите, го осудија терористичкиот напад во Москва

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш најостро го осуди нападот врз концертната сала во близина на Москва, изјави неговиот портпарол, додека францускиот претседател Емануел Макрон по нападот го осуди „тероризмот во сите негови форми“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Генералниот секретар на ОН изразува длабоко сочувство до семејствата и ужалените и до Владата на Руската Федерација. На повредените им посакува брзо закрепнување“, се вели во соопштението на заменик-портпаролот Фархан Хак.

Францускиот претседател Макрон, осудувајќи го нападот, исто така изрази солидарност со жртвите од пукањето во Москва и со рускиот народ.

Макрон изјави и дека „одлучно го осудува овој терористички напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава“.

Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, беше објавено синоќа на каналот на групата на Телеграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ