Барние е поранешен француски еврокомесар, беше и главен преговарач за Брегзит.
Назначувањето на Барние доаѓа по речиси два месеца застој по парламентарните избори кои не донесоа јасно мнозинство во парламентот, пренесува француски Монд.
Барние (73) е најстариот премиер во историјата на модерна Франција, а добил задача да формира „влада на обединување во служба на земјата“, соопшти француското претседателство.
Поранешниот десничарски министер и еврокомесар беше преговарач на Европската унија за Брегзит. Тој беше речиси невидлив во францускиот политички живот откако не успеа да ја добие номинацијата на неговата партија за да го предизвика Макрон за претседателската функција во 2022 година, пишува Монд.
Франција е без постојана влада од изборите на 7 јули, на кои левицата ја формираше најголемата фракција во парламентот. Тука е и Центристичката партија на Макрон и екстремната десница. Во услови на политички застој, Макрон, на кого му останаа помалку од три години од функцијата, ги запре сите настани додека не завршат Олимпијадата и Параолимпијадата во Париз.
Никогаш во историјата на Петтата република, која започна со уставните реформи во 1958 година, Франција не била толку долго без постојана влада, претходната администрација предводена од премиерот Габриел Атал до денес беше на позицијата „чувар“.