петок, 18 октомври 2024

Македонските тенисерки со победа над Албанија го почнаа Били Џин Кинг купот

Објавено на

часот

Сподели

Првиот меч го доби Магдалена Стоилковска која во меч кој траеше 2 часа и 33 минути ја совлада Кристал Дуле со 2-1 во сетови 6-7, 6-2 и 7-5.

Во вториот меч играше нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа на која ѝ требаа само 46 минути за да ја совлада Греши Бајри со 6-0 и 6-2.

Во мечот во двојки за Македонија ќе играат Александра Симева и Ива Данева, а за Албанија Греши и Бајри. Но резултатот од тој дуел не е важен со оглед на тоа што имаме предност од 2-0.

Утре Македонија игра против селекцијата на Азербејџан.

Фото: Денис Дуковски/mtftennis.mk
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ