петок, 18 октомври 2024

Македонските олимпијци пристигнаа во Париз (ФОТО)

Олимписката делегација на Македонија која ќе биде дел од престојната Олимпијада, пристигна во Париз.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со шест претставници ќе настапи на Олимпискити игри, а ќе имаме и судии во неколку спортови.

Настапите на нашите спортисти почнуваат на 27. јули. Тој ден Анастасија Мојсовска ќе настапи во стрелаштво – 10 метри воздушна пушка, како и Никола Ѓуретановиќ кој ќе плива во квалификациите на 400 метри слободно.

На 30. јули настап ќе има Един Шерифовски во џудо, потоа ќе чекаме до 8. август за да го видиме Владимир Егоров во борење слободен стил до 57 килограми. Од 7 до 10 август е турнирот во такводно на кој ќе настапи Мила Рељиќ.

Последен е нашиот атлетичар Дарко Ивановски кој ќе настапи на маратонската трка на 10. август.

Знаменосци за Македонија на отворањето ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.

Ќе имаме и судии во три спорта, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе бидат дел од ракометниот турнир, Иван Михајловски ќе биде судија во триатлон, а Анета Павловска е тениски судија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ