Украина на одморот замина со двојно повеќе предност од Македонија, беше 52-26. Очајната игра на нашата репрезентација продолжи и во остатокот од мечот, Украинките ни го полнеа кошот и на крајот дојдоа до триумф од 98-49.
Најдобра во редовите на Украина беше Балабан со 19 поени, додека Хемпе постигна 17 поени за Македонија.
Ова беше трет пораз на Македонија во квалификациите од исто толку натпревари.