Како загревање за настапот на сениорската репрезентација на Европското првенство во Германија, кадетите ја израдуваа Македонија откако направија успех пласирајќи се на континенталниот собир кој летово е се одржи во Црна Гора.
Момците на Наум Танески со убедливи 33-24 го победија Косово и ја остварија целта, како второпласирани одат на ЕП.
Теодор Пецаноски со осум гола и Јован Петрески со шест беа најефикасните во нашата репрезентација.
Во претходните мечеви Македонија ја победи Словачка, а загуби од Швајцарија која го освои првото место во групата.