недела, 8 септември 2024

Македонските јуниори на убедлив начин ја совладаа БиХ

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години дојде до втората победа на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје откако ја совладаа Босна и Херцеговина со 99-87.

Објавено на

часот

Сподели

Нашата селекција одлично го почна мечот, водеше со 22-11 по седум минути, но дозволи противникот да направи серија од 14-0 и да го преземе водството. До крајот на третата четвртина се играше израмнето, а клучен за триумфот на нашите кошаркари беше последниот период кој го добија со 25-15.

Последниот период Македонија го почна одлично, со седум поени по ред за водство од 81-72 за на три минути пред крајот да ги достигнеме највисоките +16 (95-79) што се покажа доволно за триумф. Победата е апсолутно заслужена ако се знае дека Македонија се наоѓаше во водство 33, а во негатива помалку од две минути.

Најдобар играч на натпреварот беше капитенот на македонската репрезентација Никола Јаничиќ кој постигна 31 поен. Утре Македонија игра уште еден исклучително важен натпревар, против Чешка и ако победи, 99% ќе обезбеди пласман во четвртфиналето од Европското првенството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ